Италијанскиот шампион Јувентус оваа година го прославува својот 120-ти роденден, и како дел од прославата, клубот ги запраша своите фанови да го изберат идеалниот состав во долгата и успешна историја на „старата дама“.
Во конкуренција беа многу играчи кои го носеле црно-белиот дрес, но на крајот фановите се согласија за тим со формација 3-4-3 и изборот е следен: Буфон на голот, Турам, Ширеа и Кјелини во одбраната, Пирло, Зидан, Недвед и Платини во средниот ред, и пеколниот напад со Баџо, Дел Пјеро и Трезеге. Навистина импресивен состав.