Реал Мадрид со нестварен пресврт, ја победи Рома во Рим со 4:3. Резервите на Жозе Мурињо го режираа пресвртот, со три гола во интервал од само седум минути.
Реал на „Олимпико“ не покажа ништо 80 минути, наспрам Рома која го диктираше ритамот. Рома капитулација си потпиша затоа пшто лошо ги бранеше корнерите во последните 10 минути.
Мечот започна со голот на Де Рон во 20-та минута, а само пет минути подоцна возврати Мбапе на ист начин.
Во првиот дел Рома имаше уште две одлични шанси, но Куртоа го одбрани својот гол. Во второт полувреме, две добри акции на „Волчицата“ завршија со два гола на Мален во 51-та и 57-та минута.
Реал беше немоќен на теренот, се до моментот кога Мурињо започна да менува. На крајот Ардар Гулел, Еспи и Ендрик го направија пресвртот.
Еспи намали во 83-та минута, откако Голини лошо интервенираше, а тој одбиената топка ја смести во голот. Потоа Ендрик по корнерот на Гулер, беше највисок и го изедначи резултатот, а во 90-та минута, повторно по корнерот на Гулер, Ридигер го комплетира спектакуларниот пресврт.
Резултати:
Рома – Реал Мадрид 3:4 (Де Рун 20′, Мален 51′, 57’/Мбапе 25′, Еспи 83′, Ендрик 85′, Рудигер 90′)
Астон Вила – Фенербахче 6:0 (Манзамби 12′, Џексон 31′, 39′, Баркли 68′, 72′, Абрахам 90′)
Бодо/Глимт – Борусија Дортмунд 1:0 (Сјоволд 52′)
Манчестер Сити – ПСЖ 2:4 (Халанд 53′, 75’/Дуе 13′, Дембеле 15′, Витиња 32′)
Бетис – Порто 3:2 (Езалзули 47′, Ернандез 74′, Иско пенал 84’/Веига 54′, Агехова 61′)
Шахтјор – АЕК 3:1 (Педрињо 34′, Тобијас 80′, Мездоза 86’/Мајер 28′)
Слован – Штутгарт 0:3 (Ундав 29′, Круз 64′ аг, Демировиќ 90′).
Foto/ EPA
