Интер остана без Лаутаро Мартинез пред важна серија натпревари. Аргентинскиот напаѓач го повреди бутниот мускул на левата нога.
Ова значи дека аргентинскиот фудбалер и најдобар стрелец на Интер ќе го пропушти натпреварот против Милан на 31 октомври.
Првите проценки укажуваат на пауза од околу 20 дена, но неговото враќање се очекува по ноемвриската репрезентативна пауза. Кристијан Киву нема да може да смета на капитенот во натпреварите против Болоња, Фиорентина и Венеција во Серија А, како и за средбата со Шахтјор во Лигата на шампионите.
Во клубот од Милано се надеваат дека Мартинез нема да патува на собирот на Аргентина, за да може да го заврши закрепнувањето без дополнителен товар и да се подготви за дуелот со Аталанта, првиот по паузата.
Дополнителна загриженост предизвикува зголемениот број на негови отсуства. Лаутаро со години се смета за еден од најиздржливите играчи на Интер, но проблемите со повредите стануваат почести во последните месеци.
Веста доаѓа во незгодно време за „нероаѕурите“, по поразот од Клуб Бриж во Лигата на шампионите.
Foto/ Depositphotos
