Top Sport

Луис Енрике: Стапица е да мислиме дека сме најдобри

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја анализираше победата против Барселона и предупреди дека би било голема грешка да се мисли дека неговиот тим е најдобар. Тој нагласи дека натпреварот бил исклучително тежок и ја пофали играта на противникот, а особено ја нагласи добрата работа на неговиот тим во одземањето на топката на половината на противникот.

„Јочекував ваков натпревар, тежок и компликуван. Не можете целосно да го разберете нивото на Барселона сè додека не се соочите со нив на теренот. Беше многу изедначено. Мислам дека бевме многу добри во првото полувреме, ја контролиравме Барса и ја освојувавме топката на нивната половина. Во второто полувреме имавме проблеми десет или петнаесет минути, но успеавме да се вратиме. Повторно поведовме, што нè смири“, рече Енрике.

Кога го прашаа дали ПСЖ сега е скалило погоре, тренерот беше јасен.

„Не. Тоа би била првата стапица, да се помисли дека сме најдобри или посебни на некој начин. Денес добро се снајдовме во одбраната. Во првото полувреме бевме подобри во освојувањето на топката на нивната половина, а тоа е заслуга на нашите напаѓачи. Без помош на соиграчите, невозможно е да се браниме од играчи како Ламин, Фермин или Олмо.“

Тој додаде дека за да се победат големи натпревари, тимот мора да знае како да се адаптира.

„Моравме да се браниме во низок блок петнаесет минути, но знаеме и како да играме во транзиции. Противниците се одлични и можат да победат во секој момент.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');