Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во својата историска сезона во Лигата на шампионите, вечерва од 18:45 часот.
Англискиот тим се мачи во првенството. Се наоѓа на 13-та позиција, со само седум поени во првите седум натпревари, додека во Лигата на шампионите Јунајтед има сооднос од еден пораз и една победа.
Еден од новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот, го праша тренерот на Комо, Сеск Фабргас дали би го презел Манчестер Јунајтед доколку сегашниот тренер Мајкл Карик биде отпуштен.
Фабрегас не беше воодушевен од прашањето. Тој играше против Карик во текот на целата своја кариера и покажа големо почитување кон него.
„Не сакам да одговорам на тоа прашање. Тоа е лошо прашање. Немате почит кон одличен играч и тренер, Мајкл Карик. Имаме историски ден пред нас, а јас сакам да останам во Комо што е можно подолго“, рече Фабрегас.
Неговиот Комо постигна историски успех минатата сезона и се квалификуваше за Лигата на шампионите. Оваа сезона, во елитното европско натпреварување, го победија Лајпциг со 4:1 и загубија од Феенорд со 3:2.
Foto/ Depositphotos
