Ракометарите на Вардар во петтото коло ја запишаа првата сезонска победа во Лигата на шампионите. Вечерва во Нант, македонскиот првак убедливо победи со 27:33 (13:16).
Вардар во Нант демонстрираше цврста игра во одбраната, со која диригираше брилијантниот голман Валах. Полскиот голман натпреварот го заврши со 17 интервенции. Неговите одбрани, неговите соиграчи знаеја да го материјализираат.
Црвено-црните по петтата минута го наметнаа својот ритам, имаа три гола предност на полувреме, а сите дилеми околу конечниот победник ги решија во 41-та минута кога поведоа со 20:28.
На пет минути до крајот Вардар ја достигна највисоката предност (23:32), следуваше опуштање, па Нант и избори некаков пристоен пораз.
Стрелците кај Вардар ги предводеа Љевар со седум, односно Малус и Митровиќ со по шест гола.
Во последното коло, Вардар во Скопје ќе го пречека Мелсунген.
Foto/ facebook.com/rkvardar
