Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал Мадрид според сопствените идеи, а неговите последни одлуки покренаа сериозни прашања за иднината на тројцата фудбалери.
Според шпанскиот портал „Фихајес“, на мета биле Трент Александар Арнолд, Дензел Дамфрис и младиот Тијаго Питарч.
Особено е интересно што меѓу фудбалерите кои го губат своето место во тимот се двајца играчи ангажирани за да се зголеми конкуренцијата на позицијата десен бек. Наместо да им се даде континуитет, португалскиот стручњак пронајде друго решение.
Во центарот на вниманието е Федерико Валверде, кој оваа позиција ја покриваше на последните три натпревари.
Foto/ Depositphotos
