Top Sport

Рибакина го обезбеди првото место на крајот од сезоната

Елена Рибакина го обезбеди првото место на ВТА листата на крајот од сезоната, откако ја победи сонародничката Јулија Путинцева со 6:2, 6:3 во второто коло од турнирот во Токио.

Казахстанската тенисерка ја оствари целта една недела пред почетокот на завршниот турнир од сезоната во Ријад.

Рибакина стигна до осминафиналето на ВТА 500 турнирот во Токио без борба во првото коло, а потоа рутински славеше над Путинцева и го потврди својот статус на најдобра тенисерка во светот во 2026 година.

За 27-годишната тенисерка, ова е прв пат во кариерата да ја заврши сезоната на врвот на светската ранг-листа. Второто место го зазема Арина Сабаленка, која повеќе нема можност да ја престигне до крајот на сезоната.

Рибакина има исклучително успешна сезона зад себе, обележана со титули на Отвореното првенство на Австралија и Отвореното првенство на САД. На овој начин, таа стигна до вкупно три трофеи од Гренд слем турнирите во кариерата, откако претходно го освои Вимблдон во 2022 година.

Таа стигна до првото место на ВТА листата во текот на кампањата за титулата во Њујорк, а својата одлична форма ја потврди минатата недела, кога го освои турнирот во Нингбо, Кина. Тоа беше нејзин четврти трофеј во сезоната и прв откако ја зазеде водечката позиција на светската ранг-листа.

Во следната рунда, Рибакина ќе игра против Канаѓанката Лејла Фернандес, која ја победи Елис Мертенс со резултат од 6:2, 7:6 (10:8).

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');