Top Sport

Барселона казнета со 602 евра за Алварез

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја казни Барселона поради несоодветен контакт со менаџерот на Хулијан Алварез пред, клубот да го извести Атлетико Мадрид за својот интерес.

Казната е симболичана, избнесува 602 евра, но каталонскиот клуб планира да поднесе жалба на одлуката на Шпанската фудбалска сојуз.

Истрагата утврди дека спортскиот директор на Барселона, Деко, и агентот Фернандо Идалго, разговарале на 15 мај, додека првата писмена комуникација со Атлетико следела на 28 мај.

Прекршокот бил окарактеризиран како мал дисциплински прекршок, за кој била изречена минимална парична казна.

Барселона се обиде да го потпише аргентинскиот напаѓач во текот на летото и наводно понудила 100 милиони евра, но Атлетико одби да го продаде еден од своите најважни играчи на директен ривал.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');