Top Sport

(Видео) Вембањама прво импресионирше со маската, потоа доминираше на теренот

Ноќта на вештерките во НБА, како и во претходните години, донесе бројни интересни костими, но посебно внимание привлече Виктор Вембањама.

Францускиот кошаркар прво импресионираше со своето издание надвор од теренот, а потоа спектаклот го продолжи и на паркетот, водејќи ги Сан Антонио Спарс до победа над Минесота Тимбервулвс со 121:111.

Спарс стигнаа до четвртиот триумф во сезоната, со два порази, додека Минесота сега има четири победи и три порази.

Центарот на Сан Антонио се појави на натпреварот во костим инспириран од популарната серија „Вештерот“, продолжувајќи ја традицијата на впечатливи изданија за Ноќта на вештерките. Сепак, неговиот настап на теренот беше уште поимпресивен од самиот костим.

Вембањама одигра уште еден спектакуларен натпревар, завршувајќи го дуелот со дури 43 поени, седум скока, шест блокади и четири асистенции.

Тој имаше одлична поддршка во Дилон Харпер, кој запиша 25 поени, седум скока и шест асистенции, додека Диарон Фокс додаде 22 поени, осум скока и седум асистенции. Ајо Досунму беше најефикасен кај Минесота со 27 поени и девет скока.

НБА резултати:

Јута – Портланд 90:112
/Петерсон 16 – Авдија 24/

Шарлот – Филаделфија 109:104
/Ален 24 – Макси 38/

Њу Орлеанс – Атланта 121:99
/Bay 25 – McCollum 14/

Милвоки – Кливленд – 111:136
/Мобли 27 – Вир 19/

Мемфис – Сакраменто 136:105
Бузер 27 – Акуф 38/

Хјустон – Оклахома 119:98
/Смит 30 – Гилџес-Александер 26/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');