Top Sport

Надал се повлече и од АТП финалето во Лондон, Ѓоковиќ по петти пат број 1

Рафаел Надал потврди дека нема да настапи на завршниот елитен турнир АТП финалето во Лондон поради повреда на стомачниот мускул, по што потврди дека ќе оди на операција на скочниот зглоб, оставајќи го Новак Ѓоковиќ како број 1 на крајот на 2018 година.

Шпанецот се повлече и од Мастерсот во Париз поради повреда на стомачниот мускул, а денеска бил на операција на скочниот зглоб во обид да биде подготвен за стартот на новата сезона.

„Ова беше компликувана година за мене, прекрасна според нивото на тенис кое го покажав, но и лоша околу повредите. Направив сѐ што е можно да бидам подготвен за финишот на сезоната, во Париз и Лондон, но за жал имав повреда на стомачниот мускул, а покрај тоа имав и повреда на зглобот која денеска ја решив со операција. Се надевам дека ќе бидам во топ-форма на стартот на сезоната“, вели Надал на својата официјална Фејсбук страница.

Повлекувањето на Надал значи дека Американецот Џон Изнер го обезбедува последното место за елитниот турнир за најдобрите осум во Лондон.

Надал се има квалификувано 14 години едноподруго на завршниот турнир од 2005 година, но со ова повлекување има дури седум повлекувања поради повреди.

АТП ФИНАЛЕ 2018

Новак Ѓоковиќ (Срб)

Роџер Федерер (Шва)

Александер Зверев (Гер)

Кевин Андерсон (ЈАР)

Марин Чилиќ (Хрв)

Доминик Тим (Авт)

Кеи Нишикори (Јап)

Џон Изнер (САД)

Фото: ЕПА

Scroll to Top