Виктор Вембањама одигра натпревар за паметење и ги предводеше Сан Антонио Спарс до драматична победа над Далас со 112:111.
Францускиот центар постигна рекорд во кариерата со 52 поени и 24 скока, заедно со осум блокади, во еден од најдоминантните индивидуални настапи оваа сезона.
Вембањама веќе во првото полувреме покажа дека го очекува посебна ноќ. Во првите 24 минути, тој постигна 29 поени, фати 15 топки и забележа пет блокади, со што стана првиот играч од почетокот на ерата на следење на деталната статистика на НБА лигата, во сезоната 1996/97, кој постигна најмалку 25 поени, 10 скока и пет блокади во едно полувреме.
Далас имаше шанса да ја расипе историската ноќ на домашниот тим, но Кајри Ирвинг промаши тежок шут од половина терен три секунди до крајот.
Голем придонес за шестата последователна победа на Спарс даде Дилан Харпер со 21 поен, како и Стефон Касл, кој запиша 17 поени и 10 скока.
Во редовите на Далас, Наџи Маршал постигна 22 поени, додека Пи Џеј Вашингтон додаде 21, а Купер Флег 19 поени. Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 29 поени.
НБА резултати:
Детроит – Филаделфија 106:112
Вашингтон – Атланта 105:120
Бостон – Милвоки 109:102
Бруклин – Шарлот 114:104
Њујорк Никс – Чикаго 135:105
Мемфис – Индијана 103:107
Њу Орлеанс – Јута 120:113
Оклахома – Кливленд 124:116
Хјустон – Минесота 107:117
Денвер – Торонто 128:109
Финикс – Портланд 119:132
Сан Антонио – Далас 112:111
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 103:116
Лос Анџелес Клиперс – Мајами 116:117.
