Top Sport

„Златната топка“ го продолжи договорот со Баерн

Добитникот на Златната топка, Хари Кејн, потпиша нов договор со Баерн Минхен

Капитенот на англиската репрезентација се обврза да го носи дресот на на германскиот гигант до 2029 година.

Деталите од новиот договор не се објавени, но „Атлетик“, пишува дека Кејн ќе стане најплатениот фудбалер во Европа ако се земе предвид само платата, без бонусите.

Според претходните информации во медиумите, годишната плата на 33-годишниот напаѓач во Баерн Минхен била околу 25.000.000 евра бруто.

Искусниот напаѓач има 33 години, а неговиот претходен договор, кој го потпиша по трансферот од 95 милиони евра од Тотенхем во 2023 година, истекуваше на крајот од сезоната.

Кејн има неверојатна сезона 2025/26 зад себе, во која постигна дури 73 гола на 65 натпревари.

Блеска и во тековната, со десет гола и осум асистенции на 14 натпревари во сите натпреварувања.

На 161 натпревар за Баерн, Кејн постигна фантастични 156 гола. Тој има и 41 асистенција.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');