Фудбалските великани од просторите на поранешна Југославија, Црвена звезда и Хајдук, во третото коло во Конференциската лига, се соочија со анунимуси од Андора и Гибралтар. Звезда едвај победи, а Хајдук загуби.
Црвена звезда избегна срамен резултат во 90-та минута против Интер Ескалдес од Андора. Црвено-белите во финишот на првиот дел останаа со играч помалку, потоа гостите ја шокираа „Маракана“ со голот на Арељан.
Изедначи Звезда преку Лучиќ, а Јапонецот Накајама со помош на гостинскиот голман им ја донесе победата на домаќините.
Матеј Гаштаров го одгра целиот натпревар, имаше шанса при резулттат 1:1, но неговиот удар заврши во стативата.
За разлика од Звезда, Хајдук се изрезили кај Линколн Ред Импс. Актуелниот шампион на Гибралтар победи со авто голот на Денис Хаџикадуниќ во 89-та минута.
По три рунди во Конференциската лига, Хајдук има шест, а Звезда четири бода.
Foto/ Starsport
