Top Sport

Клоп: Доста прашања за Шаќири, нема да се провоцираме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп мораше да одговара на прашањата околу одлуката да не го понесе Џердан Шаќири на гостувањето кај Црвена звезда во Белград, оценувајќи дека нема потреба за провокации.

„Фудбалерите секогаш ги прифаќаат моите одлуки и ги почитуваат. Имавме соопштение и тоа е тоа. Дојдовме да играме фудбал и да се фокусираме на тоа. Тој играше многу натпревари и сега едноставно нема да игра. Мојата работа, но и вашата не е да провоцирате одговори за Шаќири. Во Србија сме и тоа го почитуваме. Политиката има влијание насекаде, но тука сме да играме фудбал. Сакам да ме прашуваат дали си поминавме добро“, вели Клоп.

Долго време негов помошник беше Жељко Бувач, тренер роден во Босна и Херцеговина и Клоп беше запрашан дали научил некој збор на локалните јазици.

„Не стигнав да научам многу зборови, но би можал да кажам нешто, што најверојатно би било пцуење и затоа подобро да молчам“, додава Германецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top