Top Sport

Килијан Мбапе стана највредниот фудбалер на светот?

Француската тинејџерска сензација, Килијан Мбапе стана највредниот фудбалер на светот според „ЦЕИС фудбал обсерватори“ и единствен фудбалер кој во модерниот фудбал вреди над 200 милиони евра.

Во последниот извештај, Интернационалниот центар за спортски студии (ЦЕИС) направи проценка на најдобрите фудбалери на секоја позиција, и Мбапе беше на врвот во сите категории. 19-годишниот напаѓач на Пари Сен-Жермен ја зголемил својата вредност за 23 милиони во октомври за да го помине Хери Кејн од Тотенхем.

Мбапе имаше неверојатен октомври со седум голови и една асистенција за Пари Сен-Жермен, а еден гол постигна и за француската репрезентација, а во сличен стил продолжи и во ноември, предводејќи ги ПСЖ до историски успех – победа во првите 12 меча од новата сезона. Статистиката е неверојатна – Мбапе има 76 натпревари во Лига 1, 40 голови и 21 асистенции.

Високата цена на Мбапе доаѓа и поради неговата возраст – тој има 19 години, за разлика од Лионел Меси (31) и Кристијано Роналдо (33) чии години го прават своето – Меси е само шести на листата на напаѓачи (170.6 милиони евра), а Роналдо е надвор од топ 10 со 123.6 милиони евра. Само уште двајца над 30 се во топ 10 во своите категории – Николас Отамени е осми највреден централен бек на светот, а Иго Љорис е деветти највреден голман, каде што Едерсон е највреден со 102 милиони евра, а Давид де Хеа од Манчестер јунајтед е надвор од топ 10.

Самуел Умтити од Барселона и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул се највредни централни бекови, а Деле Али е прв на листата на фудбалери од средниот ред пред Кевин де Бројне и Пол Погба.

Фото: ЕПА

Scroll to Top