Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата на „Њујорк тајмс“.
„Внатрешно се дискутираат неколку кандидати, а Гвардиола е примарна цел на неколку нивоа. Шпанскиот специјалист, еден од најдобрите на сите времиња, е без работа откако го напушти Манчестер Сити ова лето по една деценија во клубот“, објави „Атлетик“.
Оттогаш, барем колку што јавноста знае, тој ја одби клупата на Италија, додека Американците се убедени дека тој би бил идеалниот човек за да го создаде системот што го сакаат и по кој копнеат.
Гвардиола во минатото имал разговори со Американците и наводно е заинтересиран да работи во земјата каде што живеел откако ја напуштил Барселона во 2012 година. Една година, тој живеел во Њујорк како, за јавноста таму, целосно анонимен.
ФА на Соединетите Американски Држави ги контактирал и Пеп Гвардиола и Јирген Клоп пред да го донесе Маурисио Покетино. Исходот им е познат на сите.
Маурисио Покетино ќе ја предводи репрезентацијата на САД во два натпревари против Хаити пред да се пресели во Манчестер.
Foto/ Depositphotos
