Манчестер Јунајтед го отпушти тренерот Мајкл Керик, објави новинарот Фабрицио Романо. Според неговите информации, одлуката е донесена по внатрешна клупска анализа во последните два дена, а Керик, претпладнево бил информиран дека повеќе нема да биде манеџер на првиот тим. Клубот сè уште не дал официјално соопштение, но веста ја потврди и Енди Митен, уредник на навивачкото списание „United We Stand“.
Одлуката да добие отказ, следеше по неделното реми против Астон Вила (4:4), по што Јунајтед падна на 18-то место во Премиер лигата.
Керик ја презеде клупата на Јунајтед во јануари како привремено решение, а клубот подоцна му го продолжи договорот. Англиските медиуми наведуваат дека во 32 натпревари на клупата, тој остварил 15 победи, осум нерешени и девет порази.
Клубот сега треба да го потврди отказот што му го врачи на Керик и воедно да го претстави новиот менаџер, Маурисио Покетино. За се упте селекторот на САД, Јунајтед ќе плати обесштетување од околу 10 милиони евра.
Според информациите на „Атлетик“, челниците на Јунајтед веќе ги договориле личните услови со аргентинскиот тренер.
Foto/ Depositphotos
