Маурисио Покетино официјално стана нов тренер на Манчестер Јунајтед, објави клубот. Аргентинецот доаѓа на местото од Мајкл Керик, кој вчера доби отказ.
Маурисио Покетино потпиша договор до јуни 2029 година, а првиот работен ден ќе го има во среда, откако ќе ги заврши своите обврски со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.
Покетино ќе се сретне со играчите и ќе го води тренингот за прв пат во четврток, додека неговото деби на клупата на „Црвените ѓаволи“ се очекува во недела, 22 ноември, кога ќе гостува на „Енфилд“.
Според информациите од „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед ќе мора да плати околу 7,4 милиони фунти за да го ослободи аргентинскиот стручњак од договорот што неодамна го потпиша со репрезентацијата на САД.
Во соопштението за назначувањето, клубот особено го истакна напаѓачкиот стил на фудбал со висок интензитет на Покетино, способноста за градење силни и кохезивни тимови, како и квалитетот во развојот на индивидуалните карактеристики на играчите.
Керик беше отпуштен по најлошиот старт на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата, бидејќи тимот се наоѓа во зоната за испаѓање по десет одиграни натпревари.
Foto/ Depositphotos
