Шкотска ја победи Македонија со 2:1 (0:0), во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации.
На „Хемпден Парк“, во Глазгов, Македонија го забележа шестиот пораз во низа, петти во овој циклус во Лигата на нации. Националниот тим нема победа на последните 13 натпревари (во таа низа има осум порази).
Во поразот Македонија успеа да прекина една ужасна низа, успеа да постигне гол по 777 минути, прв во ерата на Седлоски, кога Растодер, со својот деби гол во националниот тим, го совлада Ган. Голот на Растодер е прв по 844 минути, сметајќи ги и натпрреварите пред да биде назначен Седлоски за селектор.
Избраниците на Гоце Седлоски повторно покажаа многу слабости во играта, поседбно несигурна беше одбраната. Шкотите доминираа, а Столе Димитриевски не им дозволи да имаат предност по првото полувреме.
Голманот на Валенсија, два пати му одбрани на Мектоминеј, еднаш на Адамс. Најдобрата шанса во првиот дел, Македонија ја имаше преку капитенот Енис Барди, но неговиот удар во 44-та минута, од добра позиција, заврши во надворешниот дел од мрежата.
Вториот дел започна со нестварното промашување на Гилмор. Играчот на Наполи, по само 40 секунди во вториот дел, од шест метри успеа да промаши празен гол.
Притисокот на Шкотите конечно им донесе резултат во 54-та минута, кога играчот на натпреварот, Мекгин, ја искористи конфузната реакција на Елмас и Муслуи и рутински го совлада Димитриевски.
Шкотското водство траеше само три минути. Барди изведе корнер, топката на првата статива во голот ја спроведе Растодер.

Одолеваше Македонија во наредните 20 минути, кога суудијата Оченаш доби повик од ВАР собата. Стартот на Димитриевски врз Доак го окарактеризира како пенал. Од белата точка Мекгин и ја донесе победата на Шкотска.
Во Групата 1, прва е Швајцарија со 13 бодови, осум има Словенија, седум Шкотска, а Македонија е без освоен бод, со гол разлика 1:12.
Во последното коло, Македонија ќе ја пречека Словенија.
Foto/ PA
