Првиот финален натпревар во Копа Либертадорес (Лига на шампиони во Јужна Америка) ќе се одигра на 10.ноември, а силите ќе ги одмерат едни од најголемите ривали во фудбалската историја Бока јуниорс и Ривер Плата.
Буенос Аирес е местото каде ќе се решава прашањето за победникот во Копа Либертадорес, а соочувањата на Бока јуниорс и Ривер Плата ќе минат без гостински навивачи.
Во Аргентина, кога се игра Суперкласико од 2013 година постои забрана за гостинските навивачи, а челниците на двата најголеми клуба во државата се согласиле и пресметките што ќе го решат освојувачот на Копа Либертадорес да минат без гостински навивачи.
Ова значи дека Ривер Плата нема да има свои навивачи на „Бомбониера“, а Бока јуниорс ќе биде без поддршката на своите фанови на „Монументал“.
Првиот меч во Копа Либертадорес е на 10.ноември, а реваншот е 11 дена подоцна.