Top Sport

Интер рекордно заработи од влезниците за мечот со Барса

Интер вечерва ќе ја пречека Барселона, во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите. Билетите за овој спектакл се распродадени, а уште пред неговиот почеток во Интер ги тријат рацете. Имено, Интер од продажбата на влезниците заработил рекордна сума на пари.

Јасно е дека на „Џузепе Меаца“ ќе има речиси 80.000 гледачи, а Интер со евентуална победа ќе биде блиску до пласман во нокаут-фазата.

Интер соопшти дека само од продажбата на влезниците заработиле сума од 5,8 милиони евра, што е нов италијански рекорд.

Scroll to Top