Top Sport

Ждрепката за ЕУРО 2028 Македонија ја чека од третиот шешир

Со завршувањето на групната фаза од Лигата на нации, официјализиран е составот на сите шешири пред извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2028 година.

Фудбалската репрезентација на Македонија, извлекувањето на групите ќе го чека од третиот шешир. Македонија нема да може да игра против: Украина, Полска, Израел, Романија, Грузија, Црна Гора, Албанија, Словачка, Исланд, Шкотска и Косово.

На 6 декември во Белфаст ќе бидат извлечени 12 групи, шест со четири и шест со пет селекции. Победниците од 12-те групи и осумте најдобри второпласирани селекции ќе обезбедат пласман на ЕУРО.

Останатите четири учесници ќе пдат во бараж, кој ќе биде специфичен како никогаш досега, и ќе зависи од успехот на четирите домаќини (Англија, Република Ирска, Велс и Шкотска) во квалификациите.

Квалификациите започнуваат во март 2027 година и ќе се играат до ноември, а Македонија ќе го започне своето патување до Европското првенство во јуни, бидејќи во март ќе игра бараж за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации.

Foto/ ffm.mk

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');