Top Sport

Хуан Мата замина во пензија

Шпанскиот виртуоз Хуан Мата, на 39-годипна возраст, реши да стави крај на кариерата, исполнета со големи трофеи, голови…

Мата, импресивната кариера, ја за почна во малдинските категории на Реал Мадрид, но никогаш не доби шанса да игра за клубот со најмногу трофеи во Лигата на шампионите и во Шпанија.

Дека станува збор за сериозен материјал можеше да се види веќе во неговата прва сезона во прволигашкиот фудбал во Шпанија. Во дресот на Валенсија, тој одигра вкупно 33 натпревари во сите натпреварувања таа сезона и постигна девет гола. Два од тие гола ги постигна во реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј во победата од 3:2 над Барселона. Таа сезона Валенсија го освои Купот на Шпанија.

Вкупно, тој одигра 174 натпревари за Валенсија, забележа 46 гола и 48 асистенции. Во 2011 година се пресели во еден од најсилните тимови во светот – Челзи. Во првата сезона, ја освои Лигата на шампионите. Таа сезона во Челзи, тој одигра 54 натпревари во сите натпреварувања, постигна 12 гола и имаше 20 асистенции.

Во истата таа сезона го освои и ФА Купот, а во финалето против Ливерпул асистираше за првиот гол во победата од 2:1. До крајот на престојот во Челзи, тој ја освои и Лигата на Европа следната сезона. Тој беше најдобриот асистент на натпреварувањето со шест асистенции, од кои двете во конечната победа над Бенфика од 2:1. Вкупно, тој одигра 135 натпревари за Челзи во две и пол сезони, постигна 33 гола и запиша 53 асистенции.

Следуваше преселба во Манчестер Јунајтед каде што остана осум ипол сезони. Одигра 285 натпревари, постигна 51 гол со 44 асистенции. Може да се каже дека учествуваше во најсветлиот период на трофејниот клуб во ерата по Фергусон.

Учествуваше во освојувањето на ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа. И најважно од сè, имаше значајни улоги во сите тие успеси, гол во финалето на ФА Купот, единствениот гол во осминафиналето на Лигата на Европа против Ростов за пласман во четвртфиналето, гол за пласман во полуфиналето на Лига Купот.

Од 2022 година, тој повеќе не игра во првите пет лиги. Освои титули во Турција со Галатасарај и Јапонија со Висел Кобе.

А во последните три сезони, одигра 67 натпревари, постигна девет гола и запиша 17 асистенции за Мелбурн. Тој го напушти Мелбурн како играч, но остана дел од сопственикот на клубот и презеде улога во неговиот фудбалски менаџмент.

Хуан Мата имаше значајна кариера во шпанската репрезентација. Од 2009 до 2016 година, одигра 41 натпревар, постигна 10 гола и запиша девет асистенции и учествуваше во освојувањето на титулите светски и европски шампиони. Тој беше и стрелец во финалето на ЕУРО 2012 против Италија во победата од 4:0.

Најзначајното наследство на Мата надвор од теренот е „Common Goal“, хуманитарно движење што го започна во 2017 година со Јирген Грисбек.

Идејата е едноставна: фудбалерите, тренерите и другите учесници во фудбалската индустрија издвојуваат барем еден процент од својата заработка за проекти што им помагаат на загрозените деца и заедници. Движењето прерасна во глобална иницијатива со повеќе од 500 учесници и партнери, која мобилизираше над 15 милиони евра за општествено корисни проекти.

За неговиот придонес во спортот и хуманитарната работа, тој доби почесен британски MBE во 2025 година. Во октомври 2026 година, тој беше назначен за еден од двајцата копретседатели на Одборот на директори на организацијата „Заедничка цел“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');