Top Sport

Манчестер Сити остана без зделка вредна 1,82 милијарди евра

Неизвесноста околу казната и одлуката за жалбата на Манчестер Сити откако клубот беше прогласен за виновен по 114 од 115 обвиненија за кршење на финансиските правила на Премиер лигата почна да се одразува во реалноста. Првите спонзори се повлекоа.

Американскиот инвестициски гигант „Аполо Глобал Менаџмент“ се откажа од договорот вреден 1,82 милијарди евра, а одлуката дојде откако Манчестер Сити беше прогласен за виновен за кршење на правилата. Затоа сопственикот на клубот, шеикот Мансур, остана без голема инвестиција.

Преговорите на „Сити Фудбал Груп“ со „Аполо Глобал Менаџмент“ беа во завршна фаза, но „Фајненшл тајмс“ во четврток пишува дека американската група се повлекла од договорот во кој требало да инвестира 1,82 милијарди евра.

Парите од оваа инвестиција биле наменети за рефинансирање на постојните кредити што ги поседува „Сити Фудбал Груп“.

„Аполо Глобал Менаџмент“ има мнозински удел во Атлетико Мадрид, претходно оваа година му позајми 72,9 милиони евра на Нотингем Форест, а на почетокот на годината ја продолжи финансиската соработка со Њујорк Јенкис во вредност од 2,37 милијарди евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');