Макс Ферстапен се зацврсти на втора позиција во генералниот пласман, откако победи на Големата награда на Лас Вегас. Холанѓанецот беше особено „радосен“ од она што му се случи во финишот на трката на возачот на Мерцедес.
Најголемиот предизвик на Ферстапен во борбата за првото место беше против Расел. Тие го менуваа водството 12 пати. Но, Британецот го загуби второто место од Ландо Норис по безбедносното возило, а заврши деветти откако удри во ѕидот на два круга до крајот.
Ферстапен призна дека бил среќен поради она што му се случило на Расел. И не лаже бидејќи, откако збележа што му се случи на Британецот, со голема радост комуницираше со својот бокс.
„Многу приказни надвор од патеката. Искрено, воопшто не ме загрижува бидејќи е (Расел) премногу под моето ниво, па затоа нема смисла дури ни да обрнам внимание на тоа. Што се однесува до она што се случи денес, кармата е кучка. Искрено, се чувствував фантастично кога видов во ретровизорот што му се случи. Само помислив „мојот ден може само да биде подобар“. И секако, кога ја поминав целта, денот беше комплетен – рече Верстапен.
Четирикратниот светски шампион сега има 304 поени, 40 повеќе од Расел, кој падна на четвртото место. Помеѓу двајцата е Хамилтон со 267 поени.
Foto/ EPA
