Top Sport

(Видео) Јоро ја потпиша капитулацијата на Јунајтед – Ливерпул ги декласира „Црвените ѓаволи“

Маурисио Покетино имаше кошмарно деби на клупата на Манчестер Јунајтед. Во најголемото дерби, во абглискиот фудбал, Ливерпул го победи Јунајтед со 4:0 (2:0). Натпреварот на „Енфилд“, практично беше решен во период од осмата до 13-та минута, кога Лени Јоро доби црвен картон, а веднаш потоа Ливерпул постигна два гола. По 11-то коло, Ливерпул со 21 бод се наоѓа на четвртото место, Јунајтед е претпоследен со само осум поени.

За прв пат од март 1937 година, еден од двата клуба што го играа најголемото дерби во англискиот фудбал беше во зоната за испаѓање. Како играше Јунајтед и со новиот менаџер, јасно е зошто се наоѓа во опасната зона.

На „Енфилд“, Ливерпул и Јунајтед го одиграа 219-от меѓусебен дуел. Јунајтед остана на 85 победи, Ливерпул сега има 73. 71 натпревар завршил без победник.

Ливерпул, по три натпревари успеа да забележи победа над Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед остана со играч помалку кога Лени Јоро доби директен црвен картон во осмата минута. До 13-та минута беше 2:0 за домашниот тим. По црвениот картон Ливерпул доби слободен удар, Доминик Собослај постигна гол. Потоа со извонреден потег Флоријан Вирц ја дуплираше предноста.

Рио Нгумоа и Виктор Муњоз постигнаа голови во второто полувреме. Нгумоа, со 18 години и 85 дена, стана најмладиот играч во историјата на пресметките меѓу двата тима, што постигнал гол или асистенција. На овој меч тој имаше најпрвин асистенција (за Вирц), а потоа го постигна триот гол за Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул се чинеше дека се натпреваруваат кој ќе ја пропушти подобрата можност, а голманот Ламенс го спаси Јунајтед од целосен срам – натпреварот го заврши со седум одбрани.

Маурисио Покетино имаше кошмарно деби, а Андони Ираола потврди дека не губи против Јунајтед.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');