Top Sport

Раја нема да брани против Борусија

Давид Раја, првиот голман на Арсенал, нема да брани против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите на УЕФА поради повреда на рамото.

Шпанскиот голман се повреди во саботата, во Њукасл. Имаше контакт со напаѓачот Вилијам Осула, впечатокот е дека го бараше тоој контакт, потоа театрално падна, но за негова несреќа го повреди левото рамо.

„Не изгледа премногу сериозно, но тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Со оглед на болката што ја покажуваше веднаш по тој натпревар, сите бевме доста загрижени, но се чини дека ситуацијата е подобра отколку што очекувавме“, рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува од теренот.

„Првите прегледи што ги направивме покажуваат многу охрабрувачки резултати. Не е потребна операција – од која се плашевме, бидејќи тоа би значело неколкумесечно отсуство. Потребни ни се дополнителни прегледи, но ситуацијата е доста охрабрувачка. Тој не е подготвен за дуелот со Дортмунд“, повтори менаџерот на „топџиите“.

Арсенал нема проблем со голманите, Кепа Аризабалага, кој го замени на „Сент Џејмс Парк“, е подготвен, а Илиан Меслиер е таму за секој случај.

Арсенал, вечерва од 21 часот, во петтото коло, ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');