Немања Матиќ тврди дека ѕвездите на Манчестер јунајтед се кријат од Жозе Мурињо на тренинзите по пораз на „ѓаволите“.
Со голот на Маркус Рашфорд во финишот, Јунајтед го совлада Бурнемаут во текот на викендот за ретки две победи во низа, а сега следува тестот против Јувентус во Торино во Лигата на шампионите. Матиќ, кој работеше со Мурињо и во Челси, вели дека тој и неговите соиграчи се кријат од нерасположениот тренер по поразите.
„Жозе одлична личност и многу различен човек надвор од работата и од фудбалскиот терен. На него има огромен притисок бидејќи сите очекуваат само да победува. Кога ќе загубиме сите ја чекаат неговата реакција. Кога нема да победиме, се криеме од него на тренинг“, вели Матиќ во интервју за „Скај спортс“.
Српскиот фудбалер, кој беше критикуван за одлуката да не носи „афионов цвет“ за одбележување на жртвите од Првата светска војна, вели дека не е точно дека постои „заговор“ на фудбалерите зад грбот на Мурињо.
„Сите во тимот сме обединети. Кога ќе победиме, но и кога ќе загубиме. Медиумите пишуваат лаги за нас. Името Манчестер јунајтед не обврзува да бидеме професионалци и да ја смениме ситуацијата во клубот и тоа го правиме“, додава Матиќ.