Top Sport

ФФМ спогодбено се раздели со Гоце Седлоски

Гоце Седлоски (52) повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Фудбалската федерација официјално објави дека постигнал договор со поранешниот капитен на националниот тим за спогодбен раскин на договорот.

„Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не одат онака како што сите сакаме“, објави ФФМ.

Седлоски заминува по 11 месеци на клупата на репрезентацијата, со која не оствари ниту една победа. Во десет натпревари под негово водство, Македонија забележа осум порази и два нерешени со катастрофална гол-разлика од 1:23.

Особено разочарувачки беше настапот во Лигата на нации, во кој репрезентацијата на Македонија ги загуби сите шест натпревари во групата со Швајцарија, Шкотска и Словенија.

ФФМ соопшти дека разделбата е во интерес на двете страни и нагласи дека лошите резултати не треба да го засенат сè што Седлоски направи за македонскиот фудбал за време на неговата играчка и тренерска кариера. Му се заблагодарија за неговата посветеност и професионален став.

Седлоски беше назначен за селектор на 22 декември минатата година, а дебитираше во март во полуфиналето од дополнителните квалификации за Светското првенство, во кое Македонија загуби од Данска со 4:0.

Неговата репрезентација не постигна гол во осум последователни натпревари. Таа серија ја прекина Елмин Растодер на гостувањето кај Шкотска во ноември, но се покажа дека тоа е единствениот гол за Македонија за време на мандатот на Седлоски.

ФФМ сега има довлно време да избере нов селектор, кој ќе ја предводи Македонија во баражот против Кипар, за опстанок во Б дивизијата во Лигата на нации. Овие натпревари ќе се одиграат во март наредната година.

Foto/ EPA/MICHAEL SCHMID

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');