Top Sport

Историско остварување на Дурант – Авдија ја засени блескавата партија на Вембањама

Кошаркарите на Хјустон го победија Феникс со 116:104.

Кевин Дурант имаше 20 поени и две асистенции, станувајќи петтиот играч во историјата на НБА кој ја надмилан границата од 33.000 поени. Тој шутираше седум од 15 од поле и имаше десет скока.

Тројка на 46,3 секунди до крајот на втората четвртина го стави во клубот на играчи со 33.000 поени, во кој веќе се наоѓаат Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун и Коби Брајант.

Алперен Шенгун го заврши натпреварот со 23 поени, 11 скока и десет асистенции за својот трет трипл-дабл во сезоната, додека Ајмен Томпсон додаде 18 поени и десет скока.

Санс беа предводени од Девин Букер со 25 поени и пет асистенции, Дилон Брукс со 12 и Џејлен Грин со 16.

Санс (9-8) ја прекинаа својата серија од четири победи и беа елиминирани од борбата за НБА купот.

Хјустон (14-5) беше елиминиран претходно откако Далас го победи Денвер.
Уште еднаш, Виктор Вембањама го носеше целиот Сан Антонио на грб, постигнувајќи 44 поени и додавајќи 16 асистенции, но дури и блескавата индивидуална партија не беше доволна за победа над Портланд Треилблејзерс.

Предводени од Дени Авдија, кој постигна 33 поени, 12 скока и седум асистенции, во својот најдобар натпревар од почетокот на сезоната, Треилблејзерс славеа во убедливо најдобриот и највозбудливиот натпревар одигран во НБА изминатата ноќ (116:111).

Кај Портланд, одличен беше и искусниот Демиен Лилард, кој додаде 29 поени, Сиди Сисоко постигна 16, додека Џру Холидеј придонесе со 11 поени од клупата.

Од друга страна, единствената вистинска поддршка за Вембањама беше од Стефан Касл (20 поени, шест скока и девет асистенции) и Девин Васел (18 поени).

Резултати:

Филаделфија – Мајами 111:104
/Макси 30 – Адетокунбо 32/

Шарлот – Чикаго 105:107
/Милер 35 – Бузелис 24/

Оклахома – Минесота 106:113
/Гилџис Александар 32 – МекДениелс 32/

Њујорк – Кливленд 121:102
/Алварадо 21 – Мичел 30/

Мемфис – ЛА Клиперс 115:97
/Велс 19 – Инграм 18/

Милвоки – Бруклин 97:104
/Хироу 28 – Рендл 28/

Хјустон – Феникс 116:104
/Шенгун 23 – Букер 25/

Голден Стејт – Сакраменто 129:110
/Мелтон 24 – Сабонис 27/

Портланд – Сан Антонио 116:111
/Вембањама 44 – Авдија 33/.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');