Top Sport

Официјално: Синер нема да игра во Мелбурн

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на Отвореното првенство на Австралија, објавија организаторите.

Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено.

„Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер, тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Отвореното првенство на Австралија во јануари, по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Отвореното првенство на Австралија во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и едвај чекаме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо, за агенцијата АП.

Синер во вторникот изјави дека бил подложен на мала операција на десното колено, без да прецизира кога би можел да се врати на тениските терени.

Синер не играл откако ја одбрани титулата на Вимблдон во јули, а неодамна го загуби првото место на ранг-листата на АТП од Александар Зверев. Синер ја освои својата прва титула на Гренд слем во поединечна конкуренција во 2024 година, токму во Мелбурн, кога го победи Данил Медведев во финалето во пет сета, а потоа успешно го одбрани трофејот во 2025 година со триумф во финалето против Зверев.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари во Мелбурн.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');