Најмладиот светски првак во историјата на Формула 1, Андреа Кими Антонели, ја освои Големата награда на Катар. Младиот Италијанец, до 10-та победа сезонава, додеја пред тимскиот колега, Џорџ Расел и Оскар Пјастри од Мекларен.
Трката на патека „Лосаил“ беше една од најздодевните оваа сезона. Расел стартуваше од пол-позицијата и ја поведе трката, следен од Антонели.
Веројатно Расел ќе победеше, но му се случи нешто што често го следеше оваа сезона. Не по негова вина, во неговиот болид влегоа парчиња морска пена, поради што разликата од девет секунди, Антонели ја истопи во неколку кругови.
Се обидоа во Мерцедес да ги извадат парчињата од болидот, при второто менување на гумите. Делумно успеаја, но Расел остана без првото место, а во финишот некако ја сочува втората позиција од Пјастри.
Покрај првите тројца, бодови во Катар освоија и Макс Ферстапен, Ландо Норис, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Исак Хаџар, Лијам Лосон и Габриел Бортолето.
Во пресрет на последната трка во сезоната, Ферстапен ја обезбеди втората позиција во генералниот пласман, за третото место се борат Расел и Хамилтон.
Сезоната завршува на 6 декември со Големата награда на Абу Даби на патеката „Јас Марина“.
Foto/ Depositphotos
