По двата порази во регионалната СЕХА лига со „мешан“ тим, актуелниот шампион Вардар се врати на победите, совладувајќи го хрватското изненадување Нексе од Нашице со 31:26 во Скопје.
Ова е шеста победа на „црвено-црните“ во СЕХА лигата со која се на третото место на табелата со 18 поени, израмнети со Нексе и зад ППД Загреб, кои имаат совршен скор од осум победи во осум меча.
Данил Шишкарев и Тимур Дибиров постигнаа по четири гола, додека Кристијан Дисингер и Даинис Криштопанс имаа по три голови за „црвено-црните“. Шипиќ имаше пет голови за гостите. Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац постигна три гола.
„Плинарите“ на Лино Червар ја продолжија победничката серија и против белорускиот предизвикувач Мешков Брест, триумфирајќи со 29:24 (13:10), за да се промовираат во први фаворити пред Фајнал форот. Златко Хорват имаше осум голови за домашниот тим, шест уфрли Дамир Бичаниќ, додека за Мешков, Андреј Јашчанка постигна седум.
СЕХА ЛИГА, 8.КОЛО
ППД Загреб – Мешков Брест 29:24 (13:10)
Вардар – Нексе 31:26 (16:12)
Фото/Видео: СЕХА лига