Црвена ѕвезда, синоќа на колена го фрли европскиот вице-првак Ливерпул и ја забележа сигурно најголемата победа во последните две децении. Победата потсети на најславните денови на поранешниот европски првак.
Водечките европски медиуми посветија големо внимание на оваа победа која на клубот му носи и убава сума на пари.
Црвена ѕвезда за триумфот од УЕФА ќе добие 2,7 милиони евра, сума што секој клуб за добива за победа.
Претходно црвено-белите заработиле 900.000 евра за ремито против Наполи во првото коло.
Клубот досега, само од УЕФА заработил 20 милиони евра. Пласманот во фазата по групи на Црвена ѕвезда и донесе 15,2 милиони евра, успешните четири квалификациски рунди уште 1,4 милиони евра и досега освоените четири бода уште 3,6 милиони евра.
Сумата ќе биде поголема бидејќи тука се уште не се пресметани парите од продадените влезници и од ТВ права.