Top Sport

Дончиќ меч-винер против Визардс (Видео)

Далас Маверикс забележаа победа над Вашингтон Визардс 119:100. Маверикс во првото полувреме постигнаа 70 поени, а најдобар во победата бил Лука Дончиќ.

Младиот Словенец за 33 минути на теренот забележал 23 поени, шест скока и три асистенции. Поен помалку реализирал Весли Метјуз, а со дабл-дабл од 19 поени и исто толку скокови завршил Харисон Барнс.

Џон Вол на спротивната страна постигнал 24 поени, а по 19 коша уфрлиле Ото Портер и Бредли Бил.

Портланд игра добро од почетокот на сезоната, а до осмата победа во првенството Трејлбелзерс постигнаа преку Милвоки Бакс 118:103. За Милвоки ова е само втор пораз во првенството.

Си-Џеј Мекалум со 40 поени, ја надомести лошата шутерска вечер на Демијан Лилард (13 поени). Покрај Мекалум одличен меч за Портланд одиграл и Јусуф Нуркиќ (12 поени, 13 скока, шест асистенции).

Кај Милвоки се истакнал Јанис Адетокумбо со 23 поени, по 22 коша реализирале Крис Мидлтон и Брук Лопез.

Scroll to Top