Вест Хем јунајтед го именува Дејвид Мојс за нов менаџер на тимот. Мојс на клупата го наследи Славен Билиќ кој вчера доби отказ поради лошите резултати.
Шкотланѓанецот има големо премиерлигашко искуство, како менаџер на Евертон, Манчестер Јунајтед и Сандерленд одработил речии 600 натпревари во Премиер лигата.
Мојс во кариерата три пати бил прогласуван за менаџер на годината, а десет пати за менаџер на месецот. Со Вест Хем јунајтед потиал две и пол годишен договор, но клубот ја задржа опцијата да го раскине договорот без обебсштетување по завршувањето на тековната сезона.
Мојс попладнево ќе го запознае тимот, а дебито ќе го има на 19 ноември на гостувањето кај Вотофорд.
Пред него е исклучително тешка задача, да ја врати самодовербата кај играчите, да изнајде начин уигра двете големи засилувања напаѓачите Чичарито Ернандез и Марко Арнаутовиќ и да ја врати цврстината во одбраната. Вест Хем сезонава прима речиси два гола по натпревар.