Тања Логвин е една од оние ракометарки по кои овој спорт беше препознатлив кон крајот на 20. и првата деценија на 21.век. Украинката со австриски пасош (820 натпревари и 107 гола за Астрија), во едно интервју, говори и за Вардар.
„Имав понуда од Вардар, но не сакав да ризикувам. Клубот беше нестабилен. Навистина јас ја ценам работата на Сергеј Самсоненко, кој купуваше сјајни ракометарки, но раководството не го правеше она што е потребно. Редвоно се менуваа претседатели, тренери. Ми нудеа богатство, но не сакав да ризикувам. Кај мене не се се до парите, секогаш сум имала свое мислење. Бев најплатена во светот кога играв во Алборг, но заминав бидејќи некои работи не ми се допаѓаа. Парите што ќе ги заработев во Вардар беа големи, но си реков дека такво нешто не ми треба. Долго време го градев своето име, си реков дека тоа не ми треба. И бев во право, бидејќи ЖРК Вардар веќе го нема“, рекла Логвин.
Инаку, Самсоненко со Логвин преговарал во периодот додека предводник на тимот беше Ирина Дибирова. Подоцна Дибирова со Вардар стигна до финалето во Лигата на шампионите, каде загуби од Ѓер.