Првиот човек на минхенски Баерн, Ули Хенес изненадувачки призна дека неговиот тим овојпат не е фаворит на дербито од Бундес лигата, викендов против Борусија Дортмунд.
Хенес е категоричен дека Баерн на натпреварот во сабота од 18:30 часот ќе влезе како аутсајдер.
„Во Дортмунд ние не одиме како фаворити, како аутсајдери, првпат по подолго време. Дортмунд игра доста добро сезонава, без сомневања“ – вели Хенес.
Тимот на тренерот Нико Ковач синоќа неубедливо повторно славеше со идентичен резултат како и на гости, (2:0) против АЕК од Атина. Екипата пак на Борусија Дортмунд ова коло во ЛШ загуби од Атлетико во Мадрид со 2:0.
Дортмунд сеуште е без пораз во Бундес лигата.