Многу од фудбалерите кои работеле со Пеп Гвардиола имаат или огромна почит кон каталонскиот тренер, иако некој од нив (како Златан Ибрахимовиќ) имаат само негативно мислење за него. Дани Алвеш, бразилскиот фудбалер со кого Гвардиола работеше во Барселона секако е во првата група.
Алвеш, кој сега игра во Пари Сен-Жермен, беше запрашан за неговото искуство со Гвардиола и тој не штедеше зборови.
„Уживав да работам со Пеп, за мене тоа беше дури подобро од секс“, изјави Алвеш за „Скај спорт“
Гвардиола беше запрашан што мисли за оваа споредба и тој беше јасен.
„Јас преферирам секс“, изјави Гвардиола со насмевка.
Dani Alves says being coached by Guardiola at Barca was “better than sex.”
Guardiola: “I prefer the sex.” pic.twitter.com/kdeUuwmuuo
— Sam Lee (@Sammy_Goal) November 9, 2018