Top Sport

Савичевиќ: Маглата го спаси Милан (Видео)

На денешен ден пред 30 години, во Белград, Црвена ѕвезда и Милан, во Купот на европските шампиони играа натпревар, кој беше прекинат поради густата магла. Наредниот ден тимовите одиграа нов меч.

Црвена ѕвезда и Миланс е бореа за пласман во четврт-финалето, а првиот дуел во Милан завршил со резултат 1.1. Реваншто во Белград е одигран пред 100.000 луѓе на „Маракана“.

Црвена ѕвезда стигна до предност во 50.минута со голот на Дејан Свичевиќ. Меѓутоа во 64.минута, поради густата магла, натпреварот е прекинат.

„Тој натпревар беше полн со енергија и доколку несе беше маглата, сигурно Црвена ѕвезда ќе го елиминираше Милан. Прашање е дали доколку дуелот завршеше Милан ќе станеше толку голем. Тогаш се формираше тој тим, кој подоцна ја освои титулата, а потоа и доминираше во Европа. Маглата му помогна на Милан да не биде сопрен од Црвена ѕвезда“, се присетил на тој меч Дејан Савичевиќ.

Наредниот ден, Марко ван Бастен во 34.минута постигнал гол за Милан, неколку минути подоцна израмни Драган Стојковиќ-Пикси. Потоа во пенал серијата Милан победил со 4:2.

Судбината неколку години подоцна сакаше Савичевиќ да се пресели токму во Милан. Прославениот фудбалер, во кариерата, бил европски првак со Црвена ѕвезда и Милан.

Scroll to Top