Челси се во преговори со Бреша за трансфер на вундеркиндот Сандро Тонали, кого на својата „листа“ го имаат и повеќето тимови од Серија А, како Интер, Рома и Наполи.
18-годишниот Тонали иако игра во Серија Б, доби покана од италијанскиот селектор Роберто Манчини и веќе е споредуван со легендарниот Андреа Пирло. Досега се веруваше дека Јувентус се најблиску до потписот на Тонали, кој вреди околу 20 милиони евра, но и дури тоа да се случи, „зебрите“ би го пратиле тинејџерот на „калење“ во Сасуоло или Болоња.
Тонали направи професионално деби во август 2017 година, играјќи за Бреша во Серија Б на само 17 години, по што стана редовен првотимец и имаше 19 настапи во сезоната 2017/18. Оваа сезона пак, тој стартуваше во сите 10 меча на Бреша и веќе нанижа три асистенции.
Шефот на Челси, Маурицио Сари посебно му „фрлил око“ на тинејџерот, и би сакал да има договор веќе во јануари. Останува да се види кој ќе ја добие трката за талентот.