Top Sport

Казорла знае точно како му е – порака за поддршка за Велбек

Дени Велбек во четвртокот го имаше најлошиот момент во неговата кариера, откако го скрши десниот скочен зглоб добивајќи хорор-повреда за која некои коментираат дека може да значи крај на неговото активно играње на фудбал.

Тој веднаш доби еден куп пораки за поддршка, од колегите Месут Озил и Хенрик Мхитарјан, но и од Гери Невил со кого накратко играше во Манчестер јунајтед.

Сепак, најчувствителната порака дојде од поранешниот „топчија“ Санти Казорла, човек кој се мачеше со повредите последните три години. Казорла ова лето замина за Вилјареал, но очигледно уште следи што се случува на „Емирати“.

„Опорави се подобро мој пријателу Дени Велбек. Ова се најлошите работи во фудбалот, но знам дека си силен и дека ќе се вратиш, бидејќи го заслужуваш најдоброто. Мој човеку“, напиша Казорла на Инстаграм со фотографија на Велбек.

Хорор повреда за Дени Велбек! (видео)

Scroll to Top