Репрезентативецот на Словачка, Станислав Лоботка, последните 18 месеци игра во врвна форма, во дресот на Сета од Виго, поради што интерес за неговите услуги покажале три италијанска тима.
Најголем интерес за Лоботка покажува Милан. Росо-нерите, наводно ќе се обидат да го донесат Словакот веќе во зимскиот преоден рок.
Сепак, Милан ќе имаат тешка задача за да го обезбедат потписот на 23-годишниот фудбалер. Најголеми конкуренти ќе им бидат Интер и Наполи.
Селта, во договорот на фудбалерот кој летото во 2017 година пристигна во Виго од Нордсјеланд, вгради клаузула дека тој може да замине само доколку некој плати 50 милиони евр.