Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се огласи по информациите што ги објави „Фудбал Ликс“, дека богатите ПСЖ и Манчестер сити, со помош на ФИФА и УЕФА го кршеле финансискиот фер-плеј. Германецот е еден од поддржувачите на финансискиот фер-плеј и смета дека оние што не го почитуваат треба да бидат казнети.
„Не знам, на брзина го прочитав тоа. Според она што го слушнав некој ќе треба да преземе нешто, доколку вината навистина постои. Не сме да нема казни“, рекол Клоп, алудирајќи на Манчестер сити и ПСЖ.
Ливерпул, во изминатите преодни рокови потроши многу пари на трансфери, успевајќи да остане во границите на финансискиот фер-плеј.
„Сигурно е дека ние имаме повеќе пари од Хадерсфилд, нема тие да бараат да имаме исто. Овде станува збор за нешто друго, за непочитување на поставените правила“.