Рој Кин им порача на навивачите на Ливерпул да се „насмеат“ откако претходно изјави дека не би ги гледал „Црвените“ дури и да играат во неговиот двор.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, кој сега е помошник-селектор на Република Ирска“, по 3:0 победата на Ливерпул над Марибор изјави дека не е возбуден од играта на тимот на Јирген Клоп и прогнозираше дека тие нема да освојат ништо оваа година. Сега, легендата на Јунајтед вели дека коментарот за „дворот“ билa несериозна.
„Тоа беше смешка, навистина. Секој кој зборувал со мене за фудбалот знае дека имам огромна почит кон Ливерпул. Пораснав гледајќи ги во осумдесетите како стануваат шампиони секоја година. Моите коментари беа смешни и се надевав дека луѓето така ќе ги сфатат. Треба малку да се опуштат“, влеи 46-годишниот Кин на прес-конференцијата пред баражот на Ирците за пласман на СП со Данска.
Рој Кин: Не би ги гледал Ливерпул ниту да играат во мојот двор