Top Sport

Спектакл во Буенос Аирес, Бока-Ривер 2:2 (Видео)

Бока јуниорс и Ривер плата одиграа без победник 2:2, во првиот финален меч во Купа Либертадорес. Одлуката околу освојувачот на трофејот (пандан на европската Лига на шампиони) ќе падне на 24.ноември на „Монументал“ стадионот, домот на Ривер плата.

Се она што може да понуди фудбалот во Јужна Америка, фудбаските фанови низ целиот цвет можеа да вида, во историското прво финале на лутите аргентински ривали.

Спектакл на трибините и виситнски спектакл на теренот. Играчите на Ривер подобро влегоа во натпреварот, меѓутоа домашните фудбалери први се радуваа на гол. Три добри интервенции имаше голманот на Бока јуниорс, Роси, а потоа во 34.минута Абила ја искоришсти лошата реакција на Армани и го пстигна првиот гол.

foto: epa

И додека навивачите на Бока го славеа голот на Абила, на спротивната страна Прато израмни на 1:1.

Зепак до крјот на првиот дел домашните фудбалери постигнаа уште еден гол. Бенедето, во текот на полувремето го замени повредениот Павон, а во 45.минута успеа втор пат да го совлада Армани.

foto: epa

Вториот дел не беше напнат и возбудлив како првиот. Ривер стигна до израмнување во 60.минута, кога Искиердо го совлада својот голман Роси.

До крајот на мечот, Бока имаше можност да обезбеди предност, меѓутоа Армани му одбрани „мртва шанса“ на Бенедето, која му ја подготви Карлос Тевез.

Scroll to Top