Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Антони Марсијал се повлекоа од француската репрезентација за мечевите со Холандија и Уругвај поради повреди, потврди Француската фудбалска федерација (ФФФ).
Двајцата пристигнаа во француската база во Клерфонтан, но беа ослободени по прегледите на тимскиот доктор Франк Ле Гал – Погба има повреда на бутниот мускул, додека Марсијал на стомачните мускули. Погба не играше во дербито на Манчестер, кое Јунајтед го загуби со 3:1, додека Марсијал играше 90 минути и постигна гол од пенал во второто полувреме.
Двајцата се заменети со играчот од среднот ред на Тотенхем, Муса Сисоко и напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет.
Франција игра на гости кај Холандија во меч од Лигата на нации во петок, пред на 20 ноември да играат пријателска со Уругвај.