Од врвот до дното за само неколку часа. Ова му се случи на јапонскиот тенисер Кеи Нишикори кој денеска го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Нишикори во групата „Лејтон Хјуит“ на Мастерсот во Лондон беше буквално разбиен и понижен од Кевин Андерсон со резултат 6:0 и 6:1.
Брзо ќе се заборави дека Нишикори го победи фаворизираниот Федерер, кој денеска беше непрепознатлив. Андерсон му допушти само еден гем на Јапонецот и за нешто повеќе од 1 час игра си ја заврши работата.
Вечерва во вториот дуел во истата група, Роже Федерер ќе игра против Доменик Тим со огромен притисок и без право на грешка доколку сака полуфинале.