Top Sport

Најдобрите 50 во светот, листата ја предводи Модриќ

Специјализираниот фудбалски портал „goal.com“, ја објави листата на 50 најдобри фудбалерите во светот. Листата ја предводи Лука Модриќ, а останатите двајца се истите оние што беа зад него и во изборот на најдобрите на УЕФА и ФИФА.

Изминатите две години број 1 на оваа листа беше Кристијано Роналдо, а сега приматот му го презеде поранешниот соиграч, Модриќ. Хрватот ја освои Лигата на шампионите заедно со Роналдо и успеа да игра со Хрватска во финалето на Светското првенство.

Меѓу десетте најдобри во светот се наоѓаат и Килијан Мбапе, Лионел Меси, Кевин Де Брујне, Рафаел Варан, Хари Кејн, Антоан Гризман и Марсело.

Покрај Модриќ меѓу најдобрите 50 во светот, според порталот, има уште тројца Хрвати, Манџукиќ е 25., Ракитиќ 28., а Периќиќ 34.

Од просторите на поранешна Југославија меѓу најдобрите 50 има уште двајца играчи, на 40., односно 45. место се наоѓаат репрезентативците на Србија и Босна и Херцеговина, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Един Џеко.

Интересно е и што најскапиот играч во историјата на фудбалот Нејмар е на 24.место, а листата завршува со легендата на Барселона, Андерс Иниеста, кој од оваа сезона игра во Јапонија.

Комплетната листа можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

Scroll to Top